Прескокни до содржината

За клиники за естетска медицина и дерматологија

Ботоксот трае четири месеци. Вашиот календар го памети тоа.

Пациентката добива покана за следниот третман кога ќе дојде време, а вие гледате колку закажале и колку вредат тие термини. Согласностите, картоните на третманите, залихата на препарати и наплатата се во истата програма.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Преминување за еден ден, од која било програма
  • Обука за целиот тим, кај вас
  • За една или повеќе локации
  1. 1

    Целиот ден во еден редЗа секој лекар и терапевт бројот на третмани, слободното време и пополнетоста, пред првата пациентка.

  2. 2

    Термин за три секундиГо впишувате третманот, а календарот ги нуди првите слободни термини кај сите што го работат.

  3. 3

    Следниот ботокс пред да излезеЕден клик на +4 месеци и пациентката си заминува со закажан термин.

  4. 4

    Ласерот не се судираГо повлекувате третманот на ласер што е зафатен и календарот веднаш предупредува.

Промет вчера

204.800 ден.

22 наплатени третмани

Покана за ботокс: закажаЕлена Николовска · 13.11. во 10:00

При крај: филер 1 mlОстанаа 2 · под минимумот

28
локации има најголемата здравствена мрежа што работи во BookWisely
4
земји: Северна Македонија, Србија, Хрватска и БиХ
1 ден
трае преминувањето од која било програма, без пауза во работата

За сопственикот на клиниката

Четири прашања на кои денес одговара тетратката, ако некој ја води.

Тука одговорите ве чекаат секое утро, од податоците што рецепцијата и лекарите веќе ги внесуваат. Без препишување и без чекање крај на месецот.

  1. 1

    Колку носи секој третман?

    Промет по третман, по лекар и по локација, до денешниот ден.

  2. 2

    Колку пациентки се вратиле по поканата?

    За секоја порака: колку закажале и колкава е вредноста на тие термини.

  3. 3

    Кој не дошол повеќе од шест месеци?

    Листа на оние што престанале да доаѓаат, со последниот третман, подготвена за порака.

  4. 4

    Колку навистина работи ласерот?

    Зафатеност на ласерот и кабините, со празнините во распоредот што можеле да бидат термини.

Враќање на пациентите

Пациентката се враќа кога е време. Без вртење телефони.

За секој третман избирате кога стигнува поканата: контрола по филер за 14 дена, ботокс за четири месеци, пилинг за еден месец. Пораката оди преку SMS или е-пошта, во ваше име, со линк за закажување, а втора порака стигнува само до оние што не се јавиле. Кој престанал да доаѓа добива своја порака, а вие гледате колку кој закажал и колку вредат тие термини.

Најдобрата нова пациентка е онаа што веќе била кај вас.

Закажете демо

Што добивате

Еден третман. Шест работи завршени.

Рецепцијата и лекарот впишуваат еднаш. Сè друго оди од тој третман: од согласноста на пациентката до прометот што го гледате вие.

  1. Внес

  2. 01 Покана или онлајн термин

    Пациентката закажува сама на вашиот сајт, во секое време.

  3. 02 Согласност пред доаѓање

    Потпишана на нејзиниот телефон и веќе во картонот пред терминот.

  4. 03 Кабина или ласер

    Зафатени за терминот. Гледате каде има празнина во распоредот.

  5. 04 Картон на третманот

    Единици по регија, препарат со серија и рок, фотографии пред и потоа.

  6. 05 Препаратот симнат од залиха

    По серија и рок. Прво се троши она што истекува порано.

  7. 06 Следниот третман закажан

    Кога ќе дојде време, пациентката добива покана.

Никој ништо не препишува.Затоа бројките се совпаѓаат.

Закажете демо

Согласност

Согласноста е потпишана пред пациентката да седне во чекалницата.

Прашалникот и согласноста за третманот стигнуваат со порака со линк. Пациентката ги пополнува и потпишува на својот телефон, од дома, а потпишаниот документ е во картонот пред терминот. Ако не стигнала, во клиниката потпишува на таблет.

  • Согласност и прашалник од вашите шаблони
  • Потпис на телефонот на пациентката или на таблет
  • Потпишаниот документ веднаш во картонот

Првите десет минути од третманот повеќе не одат на хартии.

Картон на третманот

Што е вбризгано, каде, колку и од која серија.

Извештај од вашиот шаблон: единици и милилитри по регија, препарат со серија и рок, тек на третманот, препораки и следен третман. Фотографиите пред и потоа ги додавате во истиот картон, а извештајот оди на меморандум на клиниката, со потпис на лекарот.

  • Шаблони по третман и по лекар
  • Фотографии кон извештајот од таа посета
  • PDF, печатење, е-пошта или SMS со PIN

Кога пациентката ќе се врати по четири месеци, сè пишува на едно место.

Извештај за естетски третман отпечатен од програмата: единици ботулинум токсин и милилитри филер по регија, препарати со серија и рок, тек на третманот, согласност и следен третман, на меморандум на клиниката

Понуда и план

Понуда што пациентката ја потпишува дома, на мир.

По консултацијата испраќате понуда со третмани и цени. Пациентката ја отвора и ја потпишува онлајн, а од прифатената понуда правите план со термини. Уплатата однапред или на рати се бележи кај пациентката и се затвора со сметка.

  • Понуда со потпис онлајн
  • План на третмани со термини
  • Уплата однапред и плаќање на рати

Одлуката не се носи на столот, туку дома. И се враќа потпишана.

Препарати на залиха

Секоја серија, секој рок, без Excel табела.

Ботоксот, филерите и потрошниот материјал се водат по серија и рок на употреба. Прво се троши она чиј рок истекува порано, а комплетот за третманот се симнува од залиха по завршениот термин.

  • Серија и рок на употреба за секој препарат
  • Прво се троши најкраткиот рок
  • Комплет материјал по третман

Ниеден филер не истекува во фиоката.

Кабини и ласер

Ласерот заработува цел ден, наместо да чека.

Секоја кабина и секој апарат на една табла: кој е внатре, кој доцни и каде има празнина во распоредот. Кога се доцни, следната пациентка со еден клик добива порака пред да тргне од дома.

  • Почеток и крај на третманот по кабина
  • Порака до пациентката кога се доцни
  • Зафатеност на ласерот во извештајот

Празнините во распоредот ги гледате додека уште можат да станат термини.

За пациентката

Закажува сама. И доаѓа.

Третманот го избира на вашиот сајт, во секое време, кај лекарите и за услугите што вие ќе ги отворите. За третманите што вие ќе ги изберете, може да плати со картичка уште при закажувањето. Ден пред терминот добива SMS потсетник, а откажаниот термин веднаш се враќа во календарот.

  • Онлајн закажување на вашиот сајт, со плаќање со картичка за избрани третмани
  • SMS потсетник во ваше име, вечерта пред или наутро
  • Потврда по е-пошта, со настан за календарот

Рецепцијата се јавува на телефон заради пациентките, не заради календарот.

Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Додека работите, и кога не работите

Клиника во која никој не мора да памети напамет.

Работата што денес ја врши рецепцијата со тетратка тука се случува сама или со еден клик, од податоците што тимот веќе ги внесува.

Работно време 08–20 Затворено

  1. 09:00

    Контрола по филер

    Четиринаесет дена по третманот стигнува покана за контрола. Никој не ја листа тетратката наназад.

  2. 10:00

    Покана за ботокс

    Поминаа четири месеци од третманот. Пациентката добива порака со линк и закажува сама.

  3. 11:20

    Доцнење во кабината

    Ласерот доцни петнаесет минути. Следната пациентка добива порака пред да тргне, со еден клик.

  4. 15:00

    Анкета по третманот

    Пациентката го оценува третманот додека е свеж, а на крајот од анкетата може да отиде директно на вашата страница со рецензии.

  5. 18:42

    Согласноста е потпишана

    Пациентката за утре го пополни прашалникот и ја потпиша согласноста на телефон. Документот е веќе во картонот.

  6. 22:06 Затворено

    Пациентката закажува од каучот

    Онлајн закажувањето работи и кога сте затворени. Терминот е во календарот пред да ја отклучите вратата.

Оваа работа денес ја врши некој што треба да биде покрај пациентката.

Пораките одат само до вашите пациенти, во ваше име.

И сè друго што клиниката го води во тетратки и табели.

  • Картони на пациентите

    Сите третмани, извештаи и фотографии кај една пациентка.

  • Прашалници и согласности

    Од вашите шаблони, со потпис на телефон или таблет.

  • Смени и одмори

    Одобрениот одмор го затвора календарот и онлајн закажувањето.

  • Досиеја на вработените

    Договори, лиценци и лекарски прегледи, со потсетник пред истекот.

  • Залиха по локација

    Препарати по серија и рок, со минимум.

  • Сајт со онлајн закажување

    Пациентката сама ги избира третманот и терминот, во вашите бои.

  • Анкети по третманот

    Оценка по лекар и по третман, со линк за рецензија.

  • Кој што отворил

    Секој пристап до картонот и секоја измена остануваат запишани.

Преминување

Од која било програма, за еден ден.

Податоците ги пренесуваме ние, од програмата што ја користите сега, која било да е, или од табели. Вечерта затворате во старата програма, а утрото работите во BookWisely, со сите пациенти и целата историја.

Сите чекори на преминувањето

  1. 1 · Вечерта

    Последниот пациент во старата програма

    Ги земаме податоците: од базата, од извоз или од Excel табели.

  2. 2 · Ноќта

    Пренос и проверка

    Пациентите, картоните, историјата и идните термини се пренесуваат и се споредуваат со старата програма.

  3. 3 · Утрото

    Првиот пациент во BookWisely

    Сме кај вас во ординацијата, а вие работите на вашите податоци.

Без пауза во работата и без препишување.

Прашања

Она што сопствениците на клиники го прашуваат пред да одлучат.

Можам ли да чувам фотографии пред и потоа?

Можете. Фотографиите ги додавате во картонот на третманот, кон извештајот од таа посета, па при следното доаѓање се на истото место како единиците, препаратот и серијата.

Може ли пациентката да ја потпише согласноста од дома?

Може. Согласноста и прашалникот ги испраќате со порака со линк, таа ги потпишува на својот телефон, а потпишаниот документ е во картонот пред терминот. Во клиниката може да потпише на таблет.

Имате ли шема на лице за обележување точки?

Единиците и милилитрите по регија ги водите во табелата на шаблонот, како на извештајот погоре, а фотографијата со ознаки ја додавате во картонот. Цртање точки директно на шема на лице сè уште немаме; на демо разговорот ќе ви кажеме докаде сме стигнале.

Како функционира поканата за следниот третман?

За секој третман избирате по колку дена стигнува пораката и што пишува во неа. Оди преку SMS или е-пошта, во ваше име, со линк за закажување, а втора порака стигнува само до оние што не се јавиле.

Колку чини?

Цената се одредува според бројот на лекари, терапевти и локации. Понудата ја добивате писмено по разговорот.

Работи ли за повеќе локации?

Да. Пациентките, ценовникот и третманите се заеднички, секоја локација има свои кабини, апарати, смени и меморандум, а вие ги гледате сите локации заедно.

Како функционира фискализацијата?

Фискалната сметка се печати од програмата, од истата посета, на фискален печатач (Accent). На демо разговорот проверуваме што веќе користите.

Имаме податоци во старата програма. Што со нив?

Ги пренесуваме ние: пациентите, историјата и ценовникот. Преминувањето трае еден ден, од која било програма, без пауза во работата.

Вашата клиника, вашите податоци

Видете ги вашите пациентки и третмани во програмата, пред да одлучите.

Ги пренесуваме вашите пациенти и ценовникот и ви ги покажуваме поканите, согласностите и картоните на вашите третмани, пред да одлучите за што и да е.

  1. 1

    Демо, 15 минути

    Разговор во живо со некој што работи со клиники. Терминот го избирате сами, веднаш подолу.

  2. 2

    Вашите податоци

    Ги пренесуваме пациентите, ценовникот и тимот, со договор за обработка на податоци.

  3. 3

    Одлуката е ваша

    Ако не ви одговара, на ваше барање бришеме сè што сме пренеле.

Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Демо

Изберете термин. Ќе ви покажеме клиника слична на вашата.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Пример со вашите третмани, лекари и ласери
  • На секое прашање добивате директен одговор
  • По разговорот одлучувате сами
  • Сервери во Европската Унија
  • Секојдневна резервна копија
  • Запис за секој пристап до картонот
  • Договор за обработка на податоци

Или пишете ни: info@bookwisely.com
Одговараме во рок од еден работен ден.

Ги вчитуваме слободните термини…

Отворете го закажувањето во нов прозорец

Приказите на страницава се со демо податоци и измислени имиња.

Специјалности

Еден систем. Приспособен на вашата специјалност.

Календарот, пациентите, наплатата и извештаите се исти за сите. Картоните, наодите, документите и пораките се приспособуваат според специјалноста, па стоматологот работи во забната шема, а гинекологот во својот наод.

Истиот систем, приспособен и за

  • Офталмологија

    Наоди со видна острина и притисок за двете очи, историјата на пациентот на едно место.

  • Физикална терапија и рехабилитација

    Серии третмани, распоред на терапевти и сали, напредокот на пациентот низ посетите.

  • Психологија и психотерапија

    Серии сеанси, доверливи белешки и онлајн закажување.

  • Лаборатории

    Упати, резултати и трендови на анализите покрај картонот на пациентот.